Saturday, December 5, 2015
Енергија
Енергијата треба да се штеди, затоа што многу вреди!
Енергијата треба да се штеди бидејки ако се потроши нејзините резерви на земјата нема да има живот. За да се заштеди енергијата треба :
1.Секогаш треба при излегување од дома да ги исклучуваме електричните апарати.
2.Без потреба да не светат сите сијалици .
Штеди вода тоа е во мода!
Водата е живот! Затоа штеди ја! Водата ја има насекаде околу нас но ако продолжиме да не ја штедиме - ќе се случи она кое никој не го посакува а тоа е ќе нема вода!
Секој би бил среќен кога би користел чиста и здрава вода.А тоа ќе го постигнеме со тоа што ќе се придржуваме на наведените примери.Со тоа би биле здрави,а околината околу нас ќе го постигне својот успех и сите ќе живееме во здрава и чиста средина.
Правила за штедење вода
Водата е неопходна средтство во нашиот живот.Без вода нема живот.Тоа е точно.Но некои тешки навики и грешки кои ги правиме секојдневно можат многу да не чинат.Прекумерната употреба на водата може да доведе до катастрофални размери за сите луѓе,животни и растенија на оваа планета.Затоа треба сито совесно да се однесуваме прво лично за себе а потоа и за сите околу себе.Јас како мој совет бик предложила многу да внимаваме.
Еве некои примери кои треба да се придржуваме кон нив:
- -Во лична хигиена да не ја оставаме чешмата без потреба да тече;
- -Кога ја наводнува градината да бидеме се побрзи;
- -Ако има оштетување на чешмите да се отстрани.
- Да наведеме примери има многу,но ова беа некои кои треба да ги применеме.
Секоја капка живот значи!
Капка по капка,
за нов ден,
за нова радост,
за расцутена
младост.
Капка по капка,
за нов цвет,
за поубав свет,
за светлина милна,
за љубов силна.
Капка по капка,
за тебе, за мене,
за секој цвет,
за животен лет,
за убавина што
зрачи,
за се што љубов
значи.
Капка вода дари
за расцутен цвет
драгоцен.
Subscribe to:
Posts (Atom)